Папата Фрањо: Во спортот негувајте ја истрајноста, пријателството и солидарноста

Папата Фрањо: Во спортот негувајте ја истрајноста, пријателството и солидарноста

Истрајноста, искреноста, пријателството и солидарноста се карактеристични вредности за спортот кој ги истакна папата Фрањо и ги поттикна спортистите и членовите на Австрискиот скијачки сојуз да ги негуваат. Нив Светиот Отец ги прими во аудиенција на 10 октомври 2024 година, по повод Светското првенство во скијање 2025 година. Претставниците на сојузот беа придружувани со надбискупот од Салцбург, Франц Лакнер.

Австрија е богата со природа

Ski Austria е еден од најстарите спортски сојузи, основан 1905 година со седиште во Инсбрук, кој на национално ниво промовира разни скијачки активности, посебно на врвни спротисти. Австрија, имено е земја со голема традиција во алпско и нордиско скијање. На тоа потсети папата Фрањо на почетокот на неговиот краток поздрав. Вашата тактовнина е богата со величествени планини и дава прекрасни можности за алпските спортови.

Спортот создава братство

Светиот Отец потоа ги поттикна во нивното ангажирање секогаш да ги негуваат вредностите својствени за спортот, вредности специфични за спортот: истрајност, искреност, пријателство и солидарност. На тој начин – истакна Папата – давате придонес за побратски свет, затоа што спортот создава пријателство, како среде прекрасната природа во вашата земја, на Создателот би можеле да му зеете пофална химна.

Моба за молитва

На крајот папата Фрањо сите присутни ги довери на ангелите чувари, да ги чуваат од секоја опасност. Се молам за вас, и вие молете се за мене, оваа работа не е едноставна. Благодарам! – додаде, повторувајќи го тој повик и на германски јазик: Ich bete für Sie, beten Sie für mich: Diese Arbeit ist nicht einfach! Vielen Dank!

к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот