Папата Фрањо: Војната е апсурдна. Да ја разоружаме Земјата

Папата Фрањо: Војната е апсурдна. Да ја разоружаме Земјата

Објавуваме писмо од папата Фрањо до главниот уредник на италијанскиот дневен весник „Кориере дела сера“, Лучијано Фонтана, напишано како одговор на пораката за поддршка на Фонтана за време на болеста на Папата. Во писмото, Папата бара од Фонтана повторно да започне и да го засили својот апел за мир и разоружување.

Почитуван директоре,

Сакам да ви се заблагодарам за зборовите на близина со кои го изразивте вашето присуство во овој момент на болест, во кој, како што веќе реков, војната изгледа уште поапсурдна. Човечката кршливост има моќ да нè направи полуцидни за тоа што трае, а што поминува, што носи живот, а што убива. Можеби поради оваа причина, толку често тежнееме да ги негираме ограничувањата и да ги избегнуваме кревките и ранети луѓе: тие имаат моќ да го преиспитаат правецот кои што сме го избрале, и како поединци и како заедница.

Сакам да ве охрабрам вас и сите оние кои својата работа и интелигенција ја посветуваат на информации, преку комуникациски алатки кои сега го поврзуваат нашиот свет во реално време, да ја почувствувате целосната важност на зборовите. Ова никогаш не се само зборови: тоа се факти кои ја обликуваат човечката околина. Можат да поврзуваат или споделуваат, да ѝ служат на вистината или да ја користат за други цели. Мораме да ги разоружаме зборовите, да ги разоружаме умовите и да ја разоружаме Земјата. Постои голема потреба за размислување, смиреност и свесност за сложеноста.

Додека војната само ги уништува заедниците и околината, без да понуди решенија за конфликтите, на дипломатијата и на меѓународните организации им треба нова виталност и кредибилитет. Освен тоа, религиите можат да црпат од духовноста на народите за повторно да ја разгорат желбата за братство и правда, надежта за мир.

Сето ова бара посветеност, работа, тишина и зборови. Да бидеме обединети во овој напор, кој небесната благодат ќе продолжи да го вдахновува и придружува.

Фрањо

Рим, Поликлиника Гемели, 14 март 2025 година

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот