Папата Фрањо: Бидете гласот на културата на мирот

Папата Фрањо: Бидете гласот на културата на мирот

Откако се сретна во салата на Павле VI. со христијанските здруженија на италијанските работници (ACLI), Папата ги охрабри да бидат простори каде што се нагласува дека војната никогаш не е неизбежна и дека мирниот соживот е секогаш можен, на меѓународно ниво, во животот на семејството, заедницата. и работното место. Во контекст на расцепканото општество и индивидуалистичката култура, ни требаат места каде што заедно луѓето ќе развиваат проекти за доброто на сите.

Места каде што е можно да се сретнат „светци од соседството“, кои не завршуваат на насловните страници на весниците, туку понекогаш конкретно ги менуваат работите на подобро, благодарение на посветеноста и ангажираноста во служењето на општеството – со овие зборови папата Фрањо ги опиша христијанските здруженијата на италијанските работници (Associazioni Cristiane Lavoratori Italiani – ACLI), скратено ACLI, кое оваа година слави 80 години од постоењето.

На 1 јуни 2024 година, во салата Павле VI, Папата се сретна со шест илјади претставници на здруженијата, сеќавајќи се на сите оние кои се жртвуваа за работниците, пензионерите, младите, странците и поединците во неволја. Станува збор за важното присуство на овие здруженија во општеството – додаде Светиот Отец и побара од нивните членови да застанат во одбрана на мирот, во овој крвав свет со многубројните војни.

ACLI нека биде гласот на културата на мирот, простор каде што ќе се потврди дека војната никогаш не е „неизбежна“ додека мирот е секогаш можен; и дека тоа важи како за односите меѓу државите, така и во семејствата, заедниците и работните места.

На крајот, рече папата Фрањо, христијански стил е оној кој го има Бога пред очи и е вдаховен од животот на Исус и објасни дека прифаќањето на христијанскиот стил не значи само организирање молитвени средби, туку и растење во Господовата близина и во духот на Евангелието за да проникне во сè што правиме и за нашите постапки да го имаат Христовиот стил и да го направат присутен во светот. Во однос на овие културни визии кои би можеле да ја поништат убавината на човечкото достоинство и да го поделат општеството, папата Фрањо ги охрабри христијанските здруженија на италијански работници да го негуваат тој нов сон за братство и социјално пријателство што не запира само на зборови, како што е споменато во енцикликата Fratelli tutti. Практично, тоа е сон на Свети Фрањо Асишки и многу други светци, христијани и верници од сите вери.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот