На денот на инаугурацијата на неговата Петрова служба, Лав XIV ги прими на аудиенција претседателката на Република Перу, Дина Ерчилија Болуарте Зегара, и претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
По евхаристиското славење за почетокот на неговата Петрова служба, папата Лав XIV одржа две аудиенции во недела 18 мај 2025 година.
Првата беше со претседателката на Република Перу, Дина Ерчилија Болуарте Зегара, која преку социјалната мрежа X напиша дека му ги пренела на Папата срдечните поздрави од перуанскиот народ. Болуарте, исто така, го истакна новиот Римски епископ како „слуга Божји кој посветил многу години на евангелизирањето и на служењето на најсиромашните во земјата“.
Потоа Светиот Отец се сретна со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во придружба на неговата сопруга, Олена Зеленска. Тој, исто така, ја изрази својата благодарност за зборовите кои ги изговори Папата за време на молитвата Царице небесна, посебно оние кои се однесуваа на Украина и „потребата од праведен мир“, нагласувајќи дека „секој народ заслужува да живее во мир и безбедност“. Украинскиот претседател, исто така, изрази најдобри желби за посланието на новиот Папа, надевајќи се дека неговите молитви „за праведен мир и достоинствен живот за сите“ ќе бидат услишени.
Ватаикан њуз/к.мк