Папата се моли за жртвите од невремето во Централна и Источна Европа

Папата се моли за жртвите од невремето во Централна и Источна Европа

Папата Фрањо се моли за жртвите од невремето и поплавите во Централна и Источна Европа ветувајќи ја на погодените неговата близина

Папата Фрањо им ја вети на погодените од бурата Борис неговата близина, тоа го истакна за време на Генералната аудеинција во среда, нагласувајќи дека посебно се моли за оние кои ги загубија животите и за нивните семејства.

Најмалку 21 лице загина како последица на обилните врнежи од дожд и снег кои предизвикаа големи штети во Австрија, Романија, Чешка, Полска и други земји во Централна и Источна Европа.

Илјадници луѓе се евакуирани во областите погодени од невремето, а полскиот премиер прогласи едномесечна вонредна состојба. Полскиот град Вроцлав, со население од повеќе од 600.000 луѓе, се очекува да доживее поплави во среда, додека Братислава и Будимпешта, главните градови на Словачка и Унгарија, се подготвуваат за пораст на водите на реката Дунав.

Во своето обраќање за време на аудиенцијата, папата Фрањо ги пофали и ги охрабри локалните католички заедници и другите волонтерски организации за помошта што им ја даваат на сиромашните.

Светски ден на Алцхајмеровата болест

Папата Фрањо се осврна и на одбележувањето на Светскиот ден на Алцхајмеровата болест, кој се одбележува во сабота, 21 септември. Тој повика на молитви „медицинската наука наскоро да понуди перспектива за лек за оваа болест и да се преземат посоодветни активности за поддршка на заболените и нивните семејства“.

Светскиот ден е „глобален напор да се подигне свеста и да се отфрли стигмата околу Алцхајмеровата болест и другите форми на деменција“ кои погодуваат повеќе од 55 милиони луѓе ширум светот.

Поздрав до монасите

Поздравувајќи ги присутните групи на Генералната аудиенција, папата Фрањо упати посебен поздрав до учесниците на Собранието на опати на Бенедиктинската конфедерација и нивниот нов примас опат, кој беше избран во сабота на 14 септември. Ги охрабри сите да се посветат на „милордна и мисионерска ревност за да го направат бенедиктинскиот дух што е можно поактуелен во светот“.

Папата упати зборови на охрабрување и до мирјаните Кармелитјани, повикувајќи ги да бидат квасец на Евангелието, да допрат до најранливите за да бидат знак на Црквата која секогаш оди напред“.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот