Папата повика да се поддржи кампањата за простување на долговите

Папата повика да се поддржи кампањата за простување на долговите

Папата го искористи првото обраќање во Светата година за време на молитвата Ангел да привлече внимание за кампањата Каритас. Меѓународната каритативна организација се надева на 10 милиони потписи.

Во својата прва молитва Ангел Господов во Јубилејната година на надежта, папата Фрањо го обнови својот повик за простување на долговите, особено во Третиот свет.

За време на неговиот говор Ангел Господов на празникот Свети Стефан, ден по Божиќ, папата Фрањо повика на поддршка за кампањата предводена од меѓународната католичка каритативна организација Каритас, „Претворање на долгот во надеж“.

Кампањата, рече папата Фрањо, има за цел „да им се помогне на земјите угнетени од неодржливи долгови и да се промовира развојот“.

Пред светата Литургија на Бадник, папата Фрањо ја отвори Светата врата на базиликата Свети Петар за јубилејот во 2025 година. Светата година ќе трае до празникот Богојавление, 6 јануари 2026 година.

Светата година, која се одржува еднаш на 25 години се заснова на Мојсеевиот закон, со кој се воспоставува „година на благодатта“ на секои 50 години во текот на која сите робови биле ослободувани, сите долгови се простувале и земјата била оставена да мирува.

„Прашањето на долгот е поврзано со прашањето за мирот и црниот пазар на оружје“, рече Папата. „Да работиме за разоружување, против гладот, против болестите, против детскиот труд и да молиме за мир во целиот свет.

Правда и реформи

Како што е наведено на веб-страницата на Каритас Интернационалис, кампањата е вдахновена од пораката за солидарност на папата Фрањо.

„Овој глобален повик се залага за праведен долг и трансформативни финансиски реформи за да се врати надежта на заедниците оптоварени со неодржливи долгови“, вели Каритас.

„Светот се соочува со итна, но тивка должничка криза“, шишува каритативната организација. „Повеќе од 100 земји се борат со неправеден и неодржлив јавен долг, од кој 65% го држат приватните кредитори, што го забавува, ако не и целосно го блокира развојот. За земјите со ниски приходи, 60% се приближуваат до должничка криза, што ја ограничува нивната способност да инвестираат во иднината на луѓето. Бидејќи исплатите на долгот ги надминуваат трошоците за здравство и образование, на 3,3 милијарди луѓе им се оневозможени основните услуги, што дополнително ја зголемува сиромаштијата и нееднаквоста.

Каритас се надева дека ќе собере 10 милиони потписи на петицијата за да ги убеди светските лидери и кредитори да го ублажат долгот.

„Во духот на јубилејната година, ги повикуваме луѓето, групите, училиштата, конгрегациите и организациите да бараат правда за долговите со потпишување на нашата петиција #TurnDebtIntoHope за испраќање јасна, обединета порака до глобалните лидери, доверители и носителите на одлуки да дејствуваат со храброст и сочувство“, велат од Каритас. „Оваа глобална петиција носи конзистентен повик за праведни долгови, а истовремено ги препознава уникатните реалности на регионалните, националните и локалните заедници.

Алетеја/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот