Папата одговори на писмото од мајка која го загубилa синот во сообраќајна несреќа

Папата одговори на писмото од мајка која го загубилa синот во сообраќајна несреќа

Папата Фрањо на страниците на магазинот „Piazza San Pietro“ одговара на писмо од Италијанка која доживеала голема трагедија – смртта на нејзиниот 21-годишен син во сообраќајна несреќа.

Светиот Отец забележува дека болката од губењето на сопственото дете е толку силна така што нема зборови со кои може да се опишат родителите кои доживеале такво нешто. Жената која го изгубила својот сопруг е вдовица. Мажот кој ја изгубил сопругата е вдовец. Детето кое ги загубило родителите е сирак. Но, за родителите кои изгубиле дете, нема такво име“, напиша Светиот Отец.

Папата, длабоко трогнат од болката на мајката, ја советува да го слуша сопственото срце, во кое секогаш зборува Бог. „Исус, кој плаче со нас, ги сее во нашите срца сите одговори кои ги бараме“, пишува тој, цитирајќи ги и зборовите на свети Иван Павле II дека „нема зло што Бог не може да го претвори во уште поголемо добро“.

Новиот број на ватиканското списание, исто така, вклучува извештај на кардиналот Чарлс Бо, надбискуп од Јангон, за ситуацијата во Мјанмар и активностите на Црквата во таа земја; напис на сестра Симона Брамбила, префект на Дикастеријата за институти за посветен живот и општества на апостолски живот, за искуството на молитвата која ги претвора луѓето во браќа и сестри; како и интервју со италијанскиот уметник Маурицио Кателан, посветено на темата провокативна уметност.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот