Папата најави документ за Пресветото Срце Исусово

Папата најави документ за Пресветото Срце Исусово

Месецот јуни е посветен на Пресветото Срце Исусово. На ова потсети Папата во своето обраќање на Генералната аудиенција во среда 5 јуни 2024 година на плоштадот Свети Петар.

Се наоѓаме во месецот посветен на Пресветото Срце Исусово. На 27 декември минатата година беше одбележана 350-годишнината од првата објава на Пресветото Срце Исусово на Света Маргарита Марија Алакок. Тој повод го означи почетокот на периодот на славење кој ќе заврши на 27 јуни следната година. Затоа сум среќен што можам да подготвам документ во кој ќе се соберат драгоцени размислувања за претходните учителски текстови и долга историја која се навраќа сè до Светото Писмо, за да ѝ го предложам денес повторно на целата Црква тоа обожување со духовна убавина. Мислам дека ќе биде многу корисно да размислуваме за различните аспекти на љубовта Господова кои можат да го осветлат патот на црковното обновување; но во исто време зборуваат нешто значајно за светот кој излгеда дека го изгубил своето срце. Ве молам придружувајте ме со молитва, во ова време на подготовка, со накана да се објави тој документ во септември оваа година.

Како дел од поздравот до италијанските верници папата Фрањо рече:

[…] Празникот на Пресветото Срце Исусово и споменот на Безгрешното Срце на Марија, кои Црквата се подготвува да ги прослави во наредните денови, нè потсетуваат на потребата да одговориме на Христовата откупителна љубов и нè повикуваат да веруваме во застапништвото на Богородица. Да го молиме Господ за мир, со застапништво на неговата мајка. Мир во маченичката Украина, мир во Палестина, во Израел, мир во Мјанмар. Да молиме од Господ да ни го подари дарот на мирот и светот да не страда толку многу поради војните. Господ нека ве благослови сите! Амин.

Ватикан нуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот