Во говорот пред молитвата Ангел Господов, во недела 20 октомври 2024 година, на крајот од светата Литургија и канонизацијата, папата Фрањо уште еднаш упати апел до завојуваните земји и ја истакна важноста на ликот на свети Џузепе Аламан во грижата за „кревките и ранливи“ популации. Во исто време, се противи на сите форми на искористување на нивното достоинство и нивните територии. По повод Светскиот ден на мисиите, поттикна на молитва и помош за мисионерите кои понекогаш со големи жртви го навестуваат Евангелието на сите страни на светот.
Да продолжиме да молиме за населението кое страда поради војни – за напатената Палестина, Израел, Либан, напатената Украина, Судан, Мјанмар и сите други – и молиме за дарот на мир за сите.
Во говорот пред молитвата Ангел Господов папата Фрањо уште еднаш поттикна да се моли за завојуваните земји и им се обрати на верниците кои дојдоа да им оддадат почит на неодамна прогласените светци. Особено маронитските верници и мисионерките и мисионерите на Марија Утешителка, монашка заедница основана од Свети Џузепе Аламано во 1901 односно 1910 година. Посебно ја спомена и големата група ходочесници од Уганда кои дојдоа во Рим, заедно со потпретседателот, по повод 60-годишнината од канонизацијата на мачениците од Уганда.
Апел за заштита на „кревката“ популација
Истакнувајќи дека ликот на новиот светец Џузепе Аламан, роден во градот Кастелнуово д’Асти, во италијанскиот Пиемонт, нè потсетува на неопходното внимание кон најчувствителните и најранливите популации, папата Фрањо додаде дека посебно мисли за народот Јаномами, кој живее во бразилската амазонска шума. Токму меѓу нивните членови се случи чудо во врска со денешното канонизирање – потсети Папата и апелираше:
Апелирам до политичките и граѓанските власти да обезбедат заштита на овие народи и нивните основни права и од сите форми на искористување на нивното достоинство и нивните територии.
Евангелското послание на секој христијанин
Папата Фрањо го спомена и Светски ден на мисиите, со тема „Одете и поканете ги сите на гозба“ (сп. Матеј 22,9), што – како што рече – нè потсетува дека мисионерското навестување значи на сите да им донесете покана за празнична средба со Господ, Кој нè љуби и сака да учествуваме во неговата свадбена радост. Како што учат новите светци – рече папата Фрањо – „секој христијанин е повикан да учествува во ова универзално послание со своето евангелско сведоштво во секоја средина“ и поттикна:
Да ги поддржиме со нашите молитви и наша помош сите мисионери кои често со голема жртва го носат светлото навестување на Евангелието во секој дел од земјата.
По молитвата, папата Фрањо со попамобилот помина низ плоштадот Свети Петар, поздравувајќи се со присутните верници.
Ватикан њуз/к.мк