Откако се помоли со молитвата Ангел Господов, во вторник 6 јануари 2026 година, папата Лав XIV потсети на заедниците на Источните цркви кои на 7 јануари, ќе го слават Божиќ според јулијанскиот календар.
На крајот, ги поздрави сите верници собрани на плоштадот Свети Петар, а посебен поздрав упати и до Кралската поворка на мудреците, која се одржува во Рим, Варшава и многу полски градови, како и до учесниците на овогодинешното 39-то издание на историската, верска, културната и фолклорната поворка посветена на вредностите на празникот Богојавление, која секоја година ги претставува традициите и производите од различни италијански региони.
Ватикан њуз/к.мк

