Папата Лав XIV одржа приватна аудиенција со колумбискиот претседател Густаво Петро, ден после инаугурацијата на неговиот понтификат.
Канцеларијата за печат на Светиот Престол во понеделник 19 мај 2025 година објави дека папата Лав XIV се сретна со претседателот на Колумбија, Густаво Петро Урего, на приватна аудиенција во Апостолската палата.
Колумбискиот претседател потоа се сретна со надбискупот Пол Ричард Галагер, секретар за односи со државите и меѓународните организации.
За време на „срдечните разговори“ во Државниот секретаријат, надбискупот и претседателот ја истакнаа „позитивната и трајна соработка меѓу Црквата и државата во поддршка на процесите за мир и помирување“.
Тие, исто така, разговараа за социјалната и политичката ситуација во Колумбија, обрнувајќи посебно внимание на „предизвиците поврзани со безбедноста, миграцијата и климатските промени“, соопшти Канцеларијата за печат на Светиот Престол.
Ватикан њуз/к.мк