Папата Лав XIV во аудиенција го прими американскиот државен секретар Марко Рубио во Ватикан, при што разговорите опфатија и земји обележани со војна.
По пристигнувањето во Италија во четврток, 7 мај 2026 година, американскиот државен секретар Марко Рубио се упати кон Ватикан, каде што во Апостолската палата се сретна со папата Лав XIV.
Според соопштението на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, „срдечните разговори“ им овозможиле на двете страни да ја обноват „својата заедничка посветеност за негување добри билатерални односи меѓу Светиот престол и Соединетите Американски Држави“.
На средбата била остварена и „размена на мислења за регионалната и меѓународната состојба, со посебен фокус на земјите обележани со војна, политички тензии и тешки хуманитарни ситуации, како и за потребата од неуморна работа за мир“.
Одделно, Канцеларијата за печат на Светиот престол соопшти дека разговорите за земјите зафатени од војна опфатиле некои африкански и блискоисточни земји, меѓу кои Либан и Иран.
Тие разговарале и за Куба, која неодамна се соочи со зголемени тензии со САД.
Ватикан њуз/к.мк

