Папата Лав XIV изрази длабока загриженост за актуелната состојба на Блискиот Исток. Зборувајќи пред новинарите, тој ја оцени веста за израелскиот воздушен напад врз лидерите на Хамас во Катар како „навистина тешка“.
„Целата ситуација е исклучително сериозна“, изјави Папата Лав во вторник попладне, 9 септември 2025 година, враќајќи се од од Кастел Гандолфо во Рим. Според извештаите, израелските воздухопловни сили извеле воздушни напади врз главниот град на Катар, Доха, каде што, наводно, лидерите на Хамас воделе преговори.
„Не знаеме како ќе се развиваат настаните, но положбата е навистина сериозна“, нагласи Папата. „Мора да се молиме и да се стремиме за мир.“
Загрижени погледи кон Газа
Светиот Отец, исто така, изрази загриженост во врска со најавената офанзива на израелската армија врз градот Газа. Стотици луѓе, кои со месеци бараат заштита, престојуваат во кругот на католичката парохија во стариот градски кварт Ал-Зејтун.
Израелските власти најавија дека планираат да ги евакуираат сите жители на Газа во т.н. „хуманитарна зона“. Папата Лав откри дека безуспешно се обидел да воспостави контакт со свештеникот од Газа, аргентинецот Габриел Романели. „Досега беа добро, но по оваа нова наредба, положбата веќе не е безбедна…“
Ватикан њуз/к.мк