Папата Лав XIV го прими претседателот на Република Алжир

Папата Лав XIV го прими претседателот на Република Алжир

Папата Лав XIV се сретна со претседателот на Република Алжир, г. Абделмаџид Тебун, во Ватикан, а потоа претседателот имаше средба со државниот секретар на Светиот Престол.

Папата Лав XIV во Ватикан го прими претседателот на Република Алжир, г. Абделмаџид Тебун, во четврток наутро, 24 јули 2025 година.

Според соопштението објавено од Канцеларијата за печат на Светиот Престол, претседателот потоа оствари средба со државниот секретар на Светиот Престол, кардинал Пјетро Паролин, во придружба на монсињор Даниел Пачо, потсекретар за мултилатерален сектор на Секцијата за односи со држави и меѓународни организации при Државниот секретаријат.

„За време на срдечните разговори во Државниот секретаријат“, се наведува во соопштението, „беа констатирани добрите дипломатски односи меѓу Светиот Престол и Република Алжир“.

„Се разгледаа и одредени аспекти од животот на Црквата во земјата“, стои соопштението.

На крајот, се истакнува дека „е направен осврт на сегашната геополитичка состојба, како и на значењето на меѓурелигискиот дијалог и културната соработка во градењето мир и братство во светот“.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот