Првата официјална средба меѓу папата Лав XIV и италијанскиот претседател траеше помалку од еден час. Разговорите во Државниот секретаријат се фокусираа на конфликтите во Украина и на Блискиот Исток, како и на разни социјални прашања.
Папата Лав XIV во петок, 6 јуни 2025 година, го прими во аудиенција италијанскиот претседател Серџо Матарела, кој потоа се сретна со државниот секретар, кардиналот Пјетро Паролин, и монс. Мирослав Ваховски, потсекретар за односи со државите и меѓународните организации.
За време на срдечниот разговор во Државниот секретаријат, беше изразено задоволство од добрите постоечки билатерални односи – нагласи Канцеларијата за печат на Светиот Престол во соопштението. Соговорниците разговараа за меѓународни теми, со посебен осврт на конфликтите во Украина и на Блискиот Исток. Беа разгледани и некои општествени прашања, со посебен осврт на придонесот на Црквата во животот на земјата – се вели во соопштението.
Ватикан њуз/к.мк