Папата Лав повикува на ден на молитва и пост за мир

Папата Лав повикува на ден на молитва и пост за мир

Папата Лав XIV ги повикува верниците да се обединат во молитва и пост на 22 август за мир и упатува апел за „разоружен и разоружувачки мир“ на сите места погодени од вооружени конфликти.

Обраќајќи им се на верниците собрани во салата Павле VI на својата неделна Генерална аудиенција, Папата Лав XIV повторно се осврна на бројните жаришта на конфликти во светот.

Потсетувајќи на претстојното литургиско одбележување на Царицата Пресвета Дева Марија, кој се сеткува во петок, 22 август, Папата ги повика верниците да го посветат тој ден на молитва и пост за мир.

„Марија е Мајка на верните овде на земјата и се почитува како Царица на мирот“, рече Папата.

Додека светот продолжува да биде ранет од војни – во Светата Земја, во Украина и во други делови од светот – Папата ги повика сите верници да учествуваат во „ден на молитва и пост“ за сите кои страдаат поради војните, „молејќи го Господ да ни дарува мир и правда и да ги избрише солзите на оние кои трпат поради актуелните вооружени конфликти“.

„Марија, Царицата на мирот нека се застапува за човештвото за да го пронајде патот на мирот“, додаде тој.

Папата Лав ги поздрави и верниците кои зборуваат полски и кои беа на ходочестие во светилиштето на Пресвета Богородица од Ченстохова во Јасна Гора, а присуствуваа на аудиенцијата.

„Ве молам,“ рече тој, „во вашите молитвени намери вклучете ја и наканата за дар на мир – мир кој е разоружан и разоружува – за целиот свет, особено за Украина и Блискиот Исток.“

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот