Папата Лав до болните: Сите нека ве придружува Божиќната радост

Папата Лав до болните: Сите нека ве придружува Божиќната радост

На „мала, малку полична“ средба во салата Павле VI, папата Лав XIV ги поздрави луѓето со разни болести и попречености, нудејќи им посебен благослов и желба „радоста на божиќниот период да ги придружува“ нив, нивните семејства и нивните најблиски.

Папата Лав се сретна со луѓе со разни болести и попречености во салата Павле VI во среда, 17 декември 2025 година, пред неделната Генерална аудиенција на плоштадот Свети Петар.

Иако делот близу до Папата вообичаено е резервиран на аудиенцијата за оние кои се болни, Светиот Отец објасни дека оваа недела им бил понудена „малку полична средба“ поради можноста за лошо време.

„Сакавме малку да ве заштитиме од временските услови: особено од студот“, рече папата Лав. „Не врне дожд“, забележа тој, „но можеби на овој начин ќе ви биде малку поудобно“.

Нудејќи им на присутните можност да излезат надвор за аудиенција, Папата рече дека сака да ја искористи средбата за да ги поздрави, да ги благослови и да упати посебна желба за празниците, молејќи го Господ „радоста на овој празничен период да ве придружува сите вас, вашите семејства и вашите најблиски“.

Тој додаде: „Секога да бидете во рацете Господови, со доверба, со љубовта што само Бог може да ни ја даде.“

Светиот Отец лично ги поздрави присутните, пред да се упати кон плоштадот на Генералната аудиенција.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот