Папата даде кратка изјава за новинарите во Кастел Гандолфо, коментирајќи ја ситуацијата на Блискиот Исток, ги повика луѓето да се молат за мир. Потсетувајќи се на Денот на сеќавањето на холокаустот, тој вели: „Да се бориме против сите форми на антисемитизам“.
„Ќе кажам само дека мора многу да се молиме за мир.“
Тоа беа зборовите на папата Лав XIV, во кратката изјава дадена за италијанската телевизија кога ја напушташе Вила Барберини, неговата резиденција во Кастел Гандолфо, каде што, како и обично, го помина својот вторник, одморајќи и работејќи.
На прашањето на новинарите за ситуацијата на Блискиот Исток, особено за присуството на поморска воена група предводена од американскиот носач на авиони „Абрахам Линколн“ во водите на Персискиот Залив, Папата го повтори својот апел за мир.
„Ние, најмалите, можеме да го кренеме нашиот глас и секогаш да бараме дијалог, а не насилство, за решавање на овие проблеми“, рече тој, „особено на овој ден кога го одбележуваме Шоах“.
На Денот за сеќавање на жртвите од Холокаустот, папата Лав го потврди она што веќе го напиша претходно истиот ден на својот X профил, @Pontifex: „Да се бориме против сите форми на антисемитизам“.
Ватикан њуз/к.мк

