Папата Лав XIV пристигна во Асизи и го посети гробот на Свети Фрањо, велејќи дека неговото сведоштво е особено важно „во време кога светот бара знаци на надеж“.
„Благослов е што денес можеме да дојдеме тука на ова свето место. Додека се приближуваме кон 800-годишнината од упкојувањето на Свети Фрањо, имаме можност да се подготвиме да го прославиме овој голем, скромен и сиромашен светец во време кога светот бара знаци на надеж.“
Ова беа првите јавни зборови што ги изговори папата Лав XIV за време на неговата посета на Асизи, стоејќи пред гробот на Свети Фрањо.
Тоа беше првата станица од посетата на Папата на овој италијански град, каде што во четврток, 20 ноември 2025, тој ќе се сретне со епископите на Италијанската епископска конференција на крајот од нивното 81-во Генерално собрание.
Пристигнување во Асизи
Папата пристигна утрово со хеликоптер, слетувајќи кратко по 8 часот наутро. Оттаму, тој замина со автомобил во срцето на Асизи, градот на Свети Фрањо – центар за уметноста, историјата, културата и побожноста, и дестинација за милиони ходочесници, вклучувајќи дваесет Папи низ вековите. Папата Фрањо, имено, го посети во 2020 година за да ја потпише својата енциклика Fratelli Tutti.
Топло добредојде во Долната базилика
Овој пат е редот на папата Лео да го посети. Пред да се упати кон базиликата Санта Марија дели Анџели за средба со епископите, папата кратко по 8:30 часот наутро се упати на гробот на Свети Фрањо, кој е светец-заштитник на Италија.
И покрај постојаниот дожд и студот, мала толпа се собра на плоштадот за да го поздрави со извици „Viva il Papa!“ или „Да живее папата“. На влезот стоеше кустидијанот на манастирот, отец Марко Морони, кој, заедно со други монаси, го придружуваше Папата во криптата.
Посетата се случи во време кога Црквата се подготвува да ја одбележи 800-годишнината од упкојувањето на светецот со изложување на неговите останки.
Молитва пред гробот
Таму, пред древните камени ѕидови што го чуваат телото на светецот директно под високиот олтар на базиликата, Папата застана на момент на тишина и молитва. Потоа кратко проговори – неговите зборови се емитуваа надвор преку звучници – потврдувајќи ја пораката на надеж дека овој мал, но импозантен лик продолжува, со векови, да се нуди на Црквата и на светот.
Ватикан њуз/к.мк

