Папата: Заштитете го личното достоинство на тешко болните

Папата: Заштитете го личното достоинство на тешко болните

Во телеграмата потпишана од државниот секретар, кардинал Пјетро Паролин, упатена до надбискупот на Ливерпул по повод Денот на животот 2025 година, кој го одбележуваат Бискупските конференции на Англија и Велс, Шкотска и Ирска, папата Лав XIV повика да се охрабрува општеството преку придружување на оние кои страдаат, нагласувајќи дека не смееме да ја загрозиме цивилизацијата која се темели на автентична љубов и вистинско сочувство.

Тајната на страдањето, која е длабоко присутна во човечкото постоење, со благодатта може да се преобрази во искуство на Господовото присуство. На тоа потсети папата Лав XIV во телеграмата на англиски јазик, потпишана од државниот секретар кардинал Пјетро Паролин и испратена до надбискупот на Ливерпул, Џон Шерингтон, по повод Денот на животот 2025 година, кој во недела 15 јуни 2025 година, заеднички го слават Бискупските конференции на Англија и Велс, Шкотска и Ирска.

Во оваа јубилејна година, чие централно мото е теолошката крепост надеж, телеграмата ја истакнува како особено значајна темата: „Надежта не разочарува – пронаоѓање смисла во страдањето“. Бог, навистина, секогаш е близу до оние кои страдаат и нè води кон разбирање на најдлабоката смисла на животот – преку љубовта и близината, како што напиша папата Фрањо во својата порака за XXXIII Светски ден на болните, кој се одбележа на 11 февруари оваа година.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот