Папата до сестрите Клариси: Прекрасно е што Црквата го познава вашиот живот

Папата до сестрите Клариси: Прекрасно е што Црквата го познава вашиот живот

Папата Лав XIV, по служењето на света Литургија во касарната на карабинерите во Кастел Гандолфо, ги посети сестрите Клариси од манастирот во Албано и се помоли заедно со нив, нарекувајќи го нивниот живот „скапоцено сведоштво“.

Посетата на Папата Лав XIV на манастирот во Албано на сестрите на сиромашните Клариси, посветени на Пресветото Безгрешно Зачнување, беше момент на духовна близина и заедничка молитва. Како што соопшти Канцеларијата за печат на Светиот Престол, Светиот Отец ја оствари оваа посета по служењето на света Литургија во капелата на карабинерите во Кастел Гандолфо.

Утрото на 15 јули 2025 година, околу 9:00 часот, Папата Лав XIV ја посети воената станица во близина на Вила Барберини, каде што престојува во текот на летниот период. Во својот говор до карабинерите, ги повика: „Не попуштајте на искушението да поверувате дека злото може да надвладее.“

По оваа средба, Светиот Отец беше пречекан на влезот од манастирот на Кларисите, каде што се упати кон манастирската капела и се задржа во тивка молитва заедно со монахињите. Потоа, во манастирската сала, се сестрите, поздравувајќи ги лично и упатувајќи им топли зборови: „Прекрасно е што Црквата го познава вашиот живот, зашто тој е скапоцено сведоштво.“

На крајот од посетата, пред заедно да ја изговорат молитвата „Оче наш“, Папата им подари на сестрите путир и дискос за служење на светата Литургија, како дар за манастирот. Од своја страна, сестрите му подарија икона со Светото Лице на Исус Христос.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот