Папата Фрањо испрати порака до учесниците на 29. Генерално собрание на Салезијанската Дружба. Тој упати честитки до новиот голем ректор дон Атард за неговата успешна работа и благодарност до кардиналот Артиме за неговата служба во последните години. Потоа ги охрабрува сите да бидат „ентузијасти“ во предизвиците различни од минатото: „Сепак, верата и ентузијазмот остануваат исти, збогатени со нови дарови како што е интеркултуралноста“. Папата, исто така, изразува благодарност за многу добрини направени ширум светот.
„Иако од далеку, би сакал да ве охрабрам да го живеете ова време на слушање на Духот и синодалното расудување со доверба и посветеност. Така започнува пораката на папата Фрањо до Салезијанската Дружба, која од 16 февруари до 12 април се собра за 29. Генерално собрание и исто така ја слави 150-годишнината од првото мисионерско патување на Дон Боско во Аргентина.
Честитки за новиот ректор
Светиот Отец, кој се опоравува во Домот Света Марта, изрази жалење што не може да се сретне со учесниците на собранието и во своето писмо го поздравува и му посакува на новиот генерален ректор, дон Фабио Атард, кој беше избран на таа служба на 25 март 2025 година, многу среќа во работата. Во оваа прилика, Папата му се заблагодарува и на кардиналот Анхел Фернандез Артиме, големиот ректор на Дружбата во текот на десетте години (2014-2024), за службата што ја вршеше во Институтот во последните години и која сега ја дава на универзалната Црква.
Ентузијастички и посветени
Папата Фрањо потоа се осврна на мотото избрано за настанот „Салезијанците ентузијасти за Исус Христос и посветени на младите“ и вели: „Убаво е да се биде ентузијаст и посветен, да дозволиш да бидеш целосно обземен од љубовта Божја и да им служиш на другите без ништо да задржиш, исто како што правеше Вашиот основач во своето време“. Папата истакна дека денес, во споредба со минатото, предизвиците со кои треба да се соочиме делумно се променети, но дека верата и ентузијазмот остануваат исти, збогатени со нови дарови како што е интеркултуралноста.
Ви благодариме за доброто во светот
На крајот од пораката, папата Фрањо им се заблагодарува на Салезијанците за доброто што го прават ширум светот, охрабрувајќи ги да продолжат да го прават тоа со истрајност. Тој ги замоли да се молат за него и ги довери сите учесници на собранието, како и собраќата присутни на пет континенти, на Марија Помошничка на христијаните и на нејзиното посредување.
Ватикан њуз/к.мк