Папата добро се одмори и заблагодари на молитвите

Папата добро се одмори и заблагодари на молитвите

Папата Фрањо добро се одмори во текот на ноќта и се заблагодари за цртежите кои ги доби од пациенти во болницата Гемели, каде што продолжува да се опоравува од респираторна инфекција, соопшти Канцеларијата за печат на Светиот Престол

Матео Бруни, директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, во вторникот околу 13 часот зборуваше со новинарите за здравјето на папата Фрањо.

„Ноќта помина мирно“, рече тој. „Папата се одмори, се разбуди утрово, појадуваше и помина извесно време читајќи весници, како што тоа редовно го прави. Веројатно ќе имаме нови медицински резултати кои ќе ги споделиме подоцна попладне, околу 18-19 часот. Во моментов немам никакви нови информации поврзани со здравјето. Во вечерните часови ќе има повеќе информации за неговата здравствена состојба“.

Папата Фрањо е во болница од петокот, кога беше примен откако две недели боледува од бронхитис.

Во понеделникот вечерта, од Канцеларијата за печат соопштија дека Светиот Отец нема висока температура и продолжува со пропишаната терапија.

Претходно во вторникот, Канцеларијата за печат на Светиот Престол објави дека Папата нема да ја предводи светата Литургија за јубилејот на ѓаконите, кој е закажан за недела, 23 февруари.

„За служење на светата Литургија по повод јубилејот на ѓаконите, закажана за недела, 23 февруари, во 9:00 часот во базиликата Свети Петар, папата Фрањо го делегираше надбискупот Рино Физикела, про-префект на Дикастеријата за евангелизација, оддел за евангелизирање на светот.

Папата доби бројни пораки со желби, како и цртежи и картички од децата на одделението за детска онкологија.

Во соопштението од понеделникот се вели дека папата Фрањо е „трогнат од бројните пораки на наклонетост и близината што ги добива“.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот