Папата Фрањо на 29 јануари 2022 година го прифати повлекувањето на кардинал Винко Пуљиќ од пасторалното управување на Врхбосанската надбискупија. Него ќе го наследи актуелниот надбискуп коадјутор монс. Томо Вукшиќ.
Веста е објавена во исто време, точно напладне, во Ватикан и Сараево. Во просториите на Надбискупската резиденција во главниот град на БиХ, во присуство на двајцата надбискупи, консулторите и канониците на Врхбосанската надбискупија и неколку соработници на кардиналот Пуљиќ и монс. Вукшиќ, веста ја соопшти вршителот на должноста во Апостолската нунцијатура во Сараево, монс. Амаури Медина Бланко.
Кардинал Пуљиќ беше на чело на Врхбосанската надбискупија 31 година. За надбискуп на Врхбосанската надбискупија е именуван од папата Иван Павле II. на 7 декември 1990 година. Истиот Папа го хиротониса на 6 јануари 1991 година. На 19 јануари 1991 година беше устоличен во сараевската катедрала „Пресвето Срце Исусово“. Првите години од неговата бискупска служба беше обележана со страшната војна во Босна и Херцеговина. За време на конфликтот тој остана во опколеното Сараево, иако по потреба повремено го напушташе градот. Извесно време беше единствениот верски поглавар присутен во главниот град на БиХ. Поради упорните напори за прекин на конфликтот, меѓусебно помирување, повикување на дијалог папата Иван Павле II на 30 октомври 1994 година го именува за кардинал на Светата Римска Црква. Така тој стана првиот кардинал во историјата на Босна и Херцеговина. Учествувал на конклавите во 2005 и 2013 година, на кои се избрани папата Бенедикт XVI и папата Фрањо.
Во согласност со Кодексот на канонското право (сп. ККП кан. 401 §1), кога на 8 септември 2020 година наполни 75 години, го понуди на папата Фрањо своето повлекување од службата, а на 29 октомври 2020 година Светиот Отец одговори дека останува на службата во Врхбосанската надбискупија „додека не се одлучи поинаку“, односно со последната одлука до 29 јануари 2022 година.
За својата работа и неуморно залгање за еднаквост на сите народи, за запирање на војната на овие простори, како и залагањето за праведно општество прими повеќе признанија, меѓу кои секако треба да се споменат е почесниот докторат по хуманистички науки кој му го додели државниот универзитет Гранд Вали во Гранд Папидс во американската држава Мичиген, како и почесен докторат доделен на 15 март 2001 година во градот Арекипа (Перу) од Католичкиот универзитет Санта Марија. Последно во низата значајни признанија е одликувањето од Велередот на кралот Дмитар Звонимир со лента и Деница кои ми ги врачи претседателот на Република Хрватска на 17 јануари 2022.
Со неговото повлекување, престанува неговото управување со Врхбосанската надбискупија, како и сите служби кои ги има во рамки на Бискупската конференција на Босна и Херцеговина.
Литургиското претставување на надбискупот Вукшиќ пред верниците ќе се одржи во Сараевската катедрала во сабота на 12 март оваа година.
Ватикан њуз/к.мк