Папата Фрањо во аудиенција ги прими епископите кои учествуваа на духовни вежби, одржани во организација на Конгрегацијата за епископи.
На 3 септември 2018 година во домот Света Марта папата Фрањо прими околу 40 епископи, кои овие денови беа на духовни вежби, организирани од Конгрегацијата за епископи. Овие духовни вежби се одржани по желба на Светиот Отец, кој сака секоја година да бидат понудени на епископите, кои навршуваат пет или шест години од именувањето.
Од 2 август до 3 септември на духовни вежби учествуваа епископи кои се хиротонисани во 2012 и 2013 година. Духовните вежби беа поделени на два дела: Првиот дел се одржа во Аричи во куќата на „Божествениот Учител“, ги предводеа искусни епископи, а беа посветени на искуствата, радоста, тешкотиите и предизвиците. Вториот дел беа исусовски духовни вежби во Камалдолија, во покраината Арецо, кои ги предводеа група оци Исусовци.
Ватикан њуз/к.мк