Папата ги пофали Олимписките игри и повика на прекин на огнот

Папата ги пофали Олимписките игри и повика на прекин на огнот

Летните олимписки игри 2024 година ќе започнат следната недела во француската престолнина Париз (26 јули – 11 август). Папата Фрањо потсети на ова за време на пладневната молитва Ангел Господов во недела 21 јули 2024 година, истакнувајќи го спортот како начин за промовирање на братството, интеграцијата и мирот. Светиот Отец побара и игрите да се искористат како можност за прекин на огнот и го обнови својот повик за мир во светот.

Говорот на Светиот Отец го пренесуваме во целост.

Драги браќа и сестри!

Оваа недела започнуваат Олимписките игри во Париз, а потоа и Параолимписките игри. Спортот има исто така голема социјална сила, способен е мирно да ги обедини луѓето од различни култури. Сакам овој настан да биде знак на инклузивниот свет што сакаме да го изградиме, а спортистите да бидат гласници на мирот и примери за младите преку нивното спортско сведочење. Конкретно, според античката традиција, Олимписките игри се можност да се воспостави примирје во војните, покажувајќи искрена желба за мир.

Ве поздравувам сите, Римјаните и ходочесниците од Италија и многу земји. Посебно го поздравувам тимот на Нотр Дам од епархијата Кишада во Бразил; членови на Здружението „Assumpta Science Center Ofekata“, кое се занимава со проекти за солидарно образование во Африка.

Да молиме, браќа и сестри, за мир. Да не заборавиме на страдањата на Украина, Палестина, Израел, Мјанмар и многу други земји кои се во војна. Нека не се заборави, нека не се заборави. Војната е пораз!

На сите им посакувам пријатна недела. И ве молам, не заборавајте да се молите за мене. Добар апетит и збогум!

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот