Папата ги повика монахињите да се „соочат со глобализацијата на рамнодушноста

Папата ги повика монахињите да се „соочат со глобализацијата на рамнодушноста

Во видео порака до Конференцијата за лидерство на монахињите во Соединетите Американски Држави, папата Лав ја истакнува убавината на различните заедници, харизми и истории кои работат заедно за „да ја направат мисијата и таинството на Црквата видливи во нашиот свет“.

Одбележувајќи ја 70-годишнината од основањето на Конференцијата за лидерство на монахињи во Соединетите Американски Држави, папата Лав XIV испрати видео порака до учесничките на нејзиното Годишно собрание во 2026 година.

Тој им упати „молитвени желби“ на жените и мажите верници во различни конгрегации низ цела Америка кои учествуваа на овој настан.

Папата ја нагласи важноста да се потсетиме на „потребата од поттикнување на единството во и меѓу“ Институтите среде бројните различни заедници, истории и мисии. „Сите христијани се повикани да бидат градители на Христовата заедница, формирани во синодална Црква во која секој соработува во истата мисија според својата харизма и служба“, објасни тој.

Поточно обраќајќи им се на жените и мажите со посветен живот, папата Лав ги повика да бидат експерти во синодалноста преку нивните искуства во општествениот живот. Тој го пофали синодалниот аспект на Собранието и изрази надеж дека учесниците ќе можат да ги распознаат поттикнувањата на Светиот Дух поврзанисо посветениот живот.

Многу харизма, еден повик

Многуте различни харизми што Светиот Дух им ги дал на заедниците низ историјата им овозможиле на посветените луѓе „да ја направат мисијата и таинството на Црквата видливи во нашиот свет“.

Тука, Папата ја пренесе својата благодарност за придонесите на различните харизми во областите на евангелизација, образование и грижа за сиромашните.

Размислувајќи за темата на Собранието „Многу харизми, еден дух, еден повик“ – папата Лав ги охрабри сите присутни да ги земат во предвид харизмите на својата заедница. „Црквата има потреба од вас и од целата разновидност и богатство на формите на посветеност и служење што ги претставувате, бидејќи со вашата виталност и сведоштвото на животот концентриран на Исус, можете да придонесете за будење на светот“, нагласи тој.

Ако тоа се направи, рече Папата, ќе можат да се соочат со „глобализацијата на рамнодушноста и немоќта со лекот на Христовата љубов и милост“.

Надеж кај младите

Негувањето на духовниот повик е од суштинско значење и фундаментално за процутот на посветениот живот. Дури и среде постојано растечкиот секуларизиран свет, папата Лав истакна дека „многумина од нас лично го искусиле Христовиот повик да го следат“ преку давањето завети за сиромаштија, чедност и послушност.

Дури и денес, постои „растечка глад за Бога“, рече тој.

Многу млади луѓе ја откриваат повторно својата вера откако можеби се оддалечиле од неа. Затоа интеракциите што ги имаат посветените жени со младите луѓе се многу важни. Папата Лав го повика Собранието да „бара начини да ги запознае [младите] со вашиот начин на живот и да им помогне да го слушнат гласот на Господ, кој ни зборува во длабочините на нашите срца“.

Папата ги повика учесниците да ги охрабри младите луѓе да бидат храбри при одговарањето на Бога, за да можат да ја доживеат радоста што доаѓа од следењето на неговиот повик.

Завршувајќи го своето обраќање, Папата им посака на учесниците на Собранието плодна работа и им ги вети своите молитви. Ја довери нивната работа под заштитата на Марија, „за да се застапува за сите вас и за заедниците што ги претставувате“.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот