Папата во светилиштето Мајка Божја Аглонска

Папата во светилиштето Мајка Божја Аглонска

Да искажеме добредојде без дискриминација, да не мислиме ако сме сами дека ќе ни биде подобро и посигурно – рече папата Фрањо во проповедта за време на светата Литургија во летонското светилиште Мајка Божја Аглонска на 24 септември 2018 година. После светата Литургија, Папата со хеликоптер отпатува за Вилнус.

Марија „стои цврсто на нозе во подножјето на крстот“ покрај својот Син – рече Светиот Отец. Марија е близу до оние од кои светот бега, како и со „обвинетите, осудените, депортираните“. Нејзината близина не е само во знак на кратка посета или „туризам на солидарност“. „Оние кои страдаат поради некоја болна реалност треба да почуствуваат дека сме на нивна страна“ како сите „отфрлени би можеле да ја искусат нежноста и близината на Мајката“: „Во оние кои страдаат се отворени ранетите на нејзиниот Син Исус – рече Папата во најпознатото летонското богородично светилиште.

Сведоштво на монс. Слосканс

Светиот Отец ја опиша Марија како жена отворена за простување, која се откажува од обвинување, и додаде дека „историјата на меѓународните судири сѐ уште е болно свежа“, додека односите се тие кои нѐ лекуваат и кои нѐ отвораат за братство. Потоа папата Фрањо се осврна на централниот лик на Црквата во Литванија, монс. Болеслаус Слосканс, кој во периодот од 1927 до 1933 година бил во советскиот гулаг, лажно обвинет за шпионажа. Папата се присети на впечатливите зборови на тој летонски епископ, кои ги напшал на неговите родители: „Ве молам од длабочината на срцето: не дозволувајте осветата или огорченоста да влезат во вашите срца. Ако го дозволиме тоа, нема да бидеме вистински христијани, туку фанатици.“

Во време, кога изгледа дека се враќаме на менталитетот на меѓусебна недоверба, преку кои статистиките сакаат да ни поажат дека ќе ни биде подобро, дека ќе има повеќе и ќе биде повеќе сигурни ако бидеме сами, Марија и учениците на овие земји нѐ повикуваат да искажеме добредојде, да се надеваме повторно на нашиот брат, во општото братство.

Ризик од близина без ислкучување

Светиот Отец во проповедта исто така предупреди на ризикот да бидеме близу до некој, но недоволно вклучени во односите, и рече дека така може да се случи во односите помеѓу младите и возрасните, меѓу сопружниците, и старите лица кога се чувствуваа ладно згрижени.

Кога со вера ќе ја слушнеме заповедта да ги примаме другите и самите да бидеме примени, тогаш е можно да изградиме единство во различноста – не нѐ запираат, ниту пак не раздвојуваат разликите, туку стануваме способни да гледаме подалеку, во другите да видиме длабоко достоинство како деца на истиот Отец.

Токму Марија го подигна својот глас како во ова „нејзино светилиште сите би преземале задача да бидеме гостопримливи без дискриминација, во Летонија сите да знаат дека сме подготвени да дадеме предност на најсиромашните, да ги подигнеме оние кои паднале, да ги прифатиме другите какви што се – рече папата Фрањо за време на светата Литургија во најпознатото летонско богородично светилиште.

Ватикан њуз/к.мк

 

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот