Папата во писмо до нунцијот во Русија: Војната е тешка рана која се нанесува на човечкото семејство

Папата во писмо до нунцијот во Русија: Војната е тешка рана која се нанесува на човечкото семејство

Како што направи со својот претставник во Украина по повод илјада дена од војната, папата Фрањо испрати писмо до нунцијот до Руската Федерација. „Страдањето на невините е силна осуда на секој облик на насилство“, рече Папата, охрабрувајќи ги новите дипломатски напори за запирање на ескалација на конфликтот.

Папата Фрањо, како што направи и на 19 ноември со нунцијот во Украина, испрати писмо и до својот претставник во Руската Федерација, надбискупот Џовани д’Аниело, со цел, пред сè, да ја изрази својата болка поради исцрпувачката и долготрајна војна која „е тешка рана на човечкото семејство“, и да се поттикнат нови дипломатски напори кои би го запреле конфликтот и би доведоа до мир.

Верувам дека хуманитарните напори насочени кон најранливите може да го отворат патот за нов дипломатски ангажман, неопходен за запирање на ескалација на конфликтот и постигнување на долгоочекуваниот мир.

Близина со оние кои страдаат

Долгоочекуваниот мир, сепак, и по повеќе од илјада дена од почетокот на руската агресија, изгледа како далечна цел. Во меѓувреме, за скоро три години бомбардирање, убивање, ранување, затворање, на теренот има стотици илјади мртви, а во домовите се пролеани реки од солзи во скршените семејства. Папата Фрањо – кој од почетокот на конфликтот го промовира принципот на „еднаква близина“ на оние кои страдаат, што е карактеристично за Папата, пастирот на Uниверзалната црква, но и за папската дипломатија – станува, како што напиша, „толкувач“ на таа болка.

Крик од болка

Десетици илјади мајки, татковци и деца жалат за своите најблиски кои загинале во војната или се загрижени за исчезнатите, заробените или ранетите, без разлика дали се тоа војници или цивили.

Нивниот крик оди до Бога, повикува на мир наместо на војна, на дијалог наместо на ѕвекот на оружје, на солидарност наместо на еднострани интереси, затоа што никогаш не може да се убива во име на Бога.

Да се обнови мирот

Болното и продолжено траење на војната итно нè интерпелира, повикувајќи нè да размислуваме заедно како да ја ублажиме болката на погодените од неа и да го обновиме мирот – пишува Папата во писмото потпишано на 12 декември, но кое беше објавено во сабота 14 декември. Имено, сите сме обврзани со взаемна одговорност, во духот на вистинското човечко братство – додава Папата и уште еднаш ја изразува својата загриженост за веста за страдањата предизвикани од конфликтот на тоа подрачје.

Браќата Карамазови и страдањата на невините

Вестите за напади и проектили, за цивили убиени од бомби, за залихи на оружје кое се транспортира прекинот на огнот ни изгледа дека е далеку. Меѓутоа, она што најмногу му пречи на папата Фрањо е страдањето на невините. За да го истакне тоа, во писмото тој се осврнува на руската култура цитирајќи еден од неговите омилени автори Фјодор Достоевски и неговите Браќа Карамазови. Тоа особено потсетува на дијалогот во четвртата глава од Книгата V, во која Иван, еден од браќата, му објаснува на Аљоша дека го отфрла Божјиот свет поради човечкото страдање, особено она на децата. Папата ова го цитира повеќе пати за време на неговиот понтификат.

Нови дипломатски напори

Папата Фрањо пишува дека се придружува на плачот на оние кои страдаат, со болки во срцата за скратените животи, уништување и страдање, како и за тешката рана што оваа војна му ја нанесе на човечкото семејство. Верувам дека хуманитарните напори насочени кон најранливите можат да го отворат патот за нов дипломатски ангажман, неопходен за запирање на прогресијата на конфликтот и за постигнување на долгоочекуваниот мир – истакнува Папата.

Молитва за дарот на мирот

Гледајќи на овој заеднички пат, Светиот Отец во писмото потсетува на зборовите на „мудриот Божји човек, толку драг на рускиот народ, свети Серафим Саровски“: „Стекнете го духот на мирот и илјадници околу вас ќе се спасат. Неговите зборови во писмото се пренесени и на кирилица: “Стяжи дух мирен и тысячи вокруг тебя спасутся”.

На крајот, Папата преку нунцијот д’Аниело го поттикнува секој човек со добра волја да се обедини во молитва кон Бога, повикувајќи го дарот на мирот и да се даде придонес за оваа благородна цел, за доброто на целото човештво.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот