Папата: Во базиликата Свети Петар секој нека се чувствува добредојден

Папата: Во базиликата Свети Петар секој нека се чувствува добредојден

Папата Фрањо на 11 ноември ги прими во аудиенција техничарите и партнерите на работилницата Свети Петар, при што ја пофалува нивната работа направена преку нови проекти и соработки, препорача употреба на нови технологии и модерни алатки во мисионерски, а не во туристички стил, не барајќи специјални ефекти, туку раскажување на верата на Црквата. Ги поттикна исповедниците на сите секогаш да даваат благослов и секому да простуваат

Секој, токму секој, мора да се чувствува добредојден во големиот дом кој е базиликата Свети Петар. И оние кои имаат вера и оние кои бараат вера, и оние кои доаѓаат да ги гледаат бројните уметнички убавини на Рим, и оние кои доаѓат да бараат свештеници за исповед. Ова се некои од зборовите на папата Фрањо од неговиот говор пред партнерите и техничарите на работилницата Свети Петар, кој ги прими во понеделник, 11 ноември, во Апостолската палата во Ватикан.

Папата најнапред се заблагодари за трудољубивоста со која се започнати нови проекти и соработки во корист на базиликата Свети Петар. Некои од нив му беа претставени на Папата преку видео екран во Салата за конзисториуми. Светиот Отец потсети дека базиликата е молитвен дом за сите народи и дека ни ја доверија оние кои ни претходеа во верата и апостолската служба.

Грижата за неа, како духовно, така и материјално, исто така преку најновите технологии, е дар и задача.

Управувајте со техниката

Овие средства особено бараат креативност и одговорност. Имено, од нас зависи правилното и конструктивно искористување на потенцијалот, кое секако е корисно, но амбивалентно – истакна папата Фрањо. Понекогаш, сепак, се случува средствата да ја надминат целта за што треба да служат; тоа е како рамката да е поважна од сликата – објасни тој и нагласи: Затоа, неопходно е да се управува со технологијата, имајќи предвид дека нејзините производи се добри не само кога работат добро, туку пред се кога ни помагаат да растеме.

Гостопримлив дом за оние кои доаѓаат од целиот свет

Овој принцип е уште повеќе важен за базиликата Свети Петар и за различните интервенции што ги бара, за да може да биде живо место на верата и историјата за сите посетители, гостопримлив дом, храм на средбата со Бога и браќата кои доаѓаат во Рим од целиот свет.

Сите, апослутно сите, мора да се чувствуваат добредојдени во тој голем дом: оние кои имаат вера и оние кои бараат вера; оние кои доаѓаат да ги гледаат бројните уметнички убавини на Рим и оние кои сакаат да ги дешифрираат неговите културни кодови.

Три критериуми

Истовремено, Папата потсети дека изворното јадро на базиликата е гробот на Петар, а доказ за тоа се огромните грчки и латински натписи кои ги придружуваат верниците одозгора до олтарот на катедралата. Планираните работи треба да ја имаат иста цел: да ги следат денешните мажи и жени; да го поддржат напредокот на своите ученици, по примерот на Симон Петар. Според тоа, постојат три критериуми кои Папата им ги довери на техничарите и партнерите на работилницата Свети Петар, кои треба да ги водат во нивната работа: слушање на молитвата, поглед на верата и чувство на ходочесник.

Мисионерски стил

Осврнувајќи се на овие три критериуми, папата Фрањо го охрабри ангажирањето на работилницата Свети Петар и нејзините соработници за користење на технологии кои го фаворизираат не само интерактивното учество на луѓето, туку пред се нивната свест за ова свето место, кое е простор за медитација. Во однос на погледот на верата, Папата истакна дека треба да се користат модерни средства во мисионерски, а не во туристички стил, да не се бара – како што рече – привлечност од специјални ефекти, туку да се инвестира во нови средства за да се раскаже верата на Црквата и културата што ја обликувала. На крајот, чувството на ходочесник. Со векови, скулптурската, сликарската и архитектонската уметност биле ставени во служба на Божјиот народ користејќи ги најдобрите технологии во тоа време.

Нашите претходници работеа прекрасно! Секој нов проект нека биде во континуитет со иста пасторална намера.

Посланието на исповедникот

Зборувајќи понатаму за базиликата, папата Фрањо се осврна на уште едно уметничко дело скриено во неа: исповедниците. Ве молам, исповедниците нека бидат секогаш при рака – рече папата. Луѓето одат, слушаат нешто, дури и нехристијаните пристапуваат да побараат благослов… Во овој уметнички и убав свет, постои и уметност на лична комуникација. И ве молам, кажете им на исповедниците да простат сè, сè! – истакна Папата.

Сè треба да се прости. Господ го сака тоа, а не држење говори: „Мораш…“. Не, нема… „мораш“. Ти простувам и продолжи со Господ. Неопходно е да се прости, а не да се држат говори; треба да се упатат неколку зборови, но да се прости; никој да не излегува [без благослов]. Дури и оние кои не се христијани – исповедниците ми кажуваат дека често муслимани или од друга вера – доаѓаат да побараат благослов. Секогаш давајте благослов на сите, а на оние кои сакаат да се исповедаат, простете им на сите, на сите, на сите!

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот