Од света Литургија на Цветници, 13 април 2025 година, преку обредите на Велигденското тродневие, до канонизацијата на Карло Акутис на 27 април, Неделата на Божјото милосрдие, во склоп на Јубилејот на адолесцентите. Канцеларијата за литургиски славење на Светиот Престол го објави календарот со свети Литургии и обреди што ќе се одржуваат од Цветници на 13 април 2025 година до Втората воскресна недела или Неделата на Божјото милосрдие, 27 април 2025 година во Ватикан.
На Цветници, споменот на влегувањето на Исус во Ерусалим и неговите страдања, светата Литургија ќе се служи на 13 април во 10 часот на плоштадот Свети Петар. На Велики четврток 17 април 2025 година во 9:30 часот во базиликата Свети Петар ќе биде светата Литургија со посвета на миро. На Велики петок, 18 април 2025 година, во 17 часот во Ватиканската базилика ќе се одржи Обред за Страданието Господово. На тој ден, во 21 часот, во Римскиот Колосеум е планиран традиционалниот Крствен пат (Via crucis).
Потоа на Велика Сабота на 19 април во 19:30 часот во базиликата Свети Петар ќе се одржи Воскресното бдение кое ќе нè воведе во светата ноќ кон Воскресението. На празникот Велигден во недела, на 20 април 2025 година, на плоштадот Свети Петар во 10:30 часот ќе се слуижи Света Миса со благослов Urbi et orbi.
Понатаму, на 27 април 2025 година во 10:30 часот е најавено литургиското славење во Втората воскресна недела или Неделата на Божјото милосрдие, при што на плоштадот Свети Петар, блажен Карло Акутис ќе биде прогласен за светец како дел од Јубилејот на адолесцентите.
Од Канцеларијата за печат на Светиот Престол информираат дека ќе биде потребно да се следи подобрувањето на здравствената состојба на папата Фрањо во наредните недели за да се оцени негово евентуално присуство и во каков облик на обредите во Великата седмица.
Ватикан њуз/к.мк