На 5 септември 2018 година е пуштен на слобода католичкиот свештеник кој беше киднапиран во саботата на 1 септември во покраината Овири-Окпе во Јужна Нигерија.
Веќе со години нигериските свештеници и монаси и монахињи се жртви на киднапирања и уцени од криминални групи, па и во мнозинските христијански подрачја, како што е државата Делта.
Добро и среќен е што е на слобода
Веста за пуштањето на слобода ја објави фондацијата „Помош на Црквата во неволја“ отец Клемент Абобо канцелар на бискупијата Вари на југот на Нигерија. Штом сфатија дека никој нема да плати откуп го пуштија на слобода – изјави отец Абобо и додаде дека отец Кристофер за време на заробеништвото не го тепале, но цело време бил на отворено, изложен на дожд и без храна и вода. Сега е добро и среќен е што е на слобода – рече отец Абобо.
Мотивот не е верски
Отец Абобо потврди дека мотивот за киднапирањето не бил верски, туку се работи за откуп – што често се случува во тоа подрачје – и додаде дека властите мора киднаперите да ги приведат до правдата, инаку вакви случаи ќе се случуваат уште почесто. Киднаперите за отец Кристофер бараа 15 милиони нигериски наира (околу 35.000 евра)
Епископите против плаќањето откуп
Како што пренесува агенцијата „Фидес“ – во јануари нигериските епископи ја осудија епидемијата на киднапирања со цел уцена која достигна незамисливи размери. Во една изјава напишаа дека тешко вооружени групи од ден на ден ги киднапираат, понижуваат и ги трауматизираат граѓаните и дека киднаперите немаат милосрдие, растураат и немаат совест. Во напорите да изнудат поголеми суми пари, жртвите се подложуваат на неискажливо насилство кое трае со недели, па дури и месеци. Нигериската епископска конференција забрани плаќање на откуп за киднапираните свештеници и монаси и монахињи.
Ватикан њуз/к.мк