Неделно Слово: Размислување за Четвртата недела од Великиот пост

Неделно Слово: Размислување за Четвртата недела од Великиот пост

Ви го пренесуваме размислување за Четвртата недела од Великиот пост според Евангелието од Марко 8,17-31 кое е објавено на социјалните мрежи на Радио Марија

Од Евангелието според Марко (9,17-31)

Тогаш еден од народот одговори и рече: „Учителе, го доведов при Тебе сина ми, во кого има нем дух; и секогаш, каде и да го фати, го кутнува, и тој се запенува, и крцка со забите, и се здрвува. И им кажав на учениците Твои да го изгонат, но тие не можеа.” А Исус одговори и рече: „О, роде неверен, до кога ќе бидам со вас? До кога ќе ве трпам? Доведете го при Мене!” И кога го доведоа кај Него – штом го виде, веднаш духот го стресе; и тој падна наземи и се валкаше запенет. Го праша Исус татка му: „Колку време има откако станува тоа со него?” Тој одговори: „Од детинство; и многупати духот го фрлал во оган, и во вода, за да го погуби; но, ако можеш, смили се над нас и помогни ни!” А Исус му рече: „Ако можеш да поверуваш? Сè е можно за оној што верува!” И одеднаш таткото на момчето извика и со солзи рече: „Верувам, Господи, помогни му на моето неверие!” А Исус, штом виде дека се собра многу народ, му забрани на нечистиот дух и му рече „Дух нем и глув, Јас ти заповедам: излези од него, и не влегувај веќе во него!” И кога извика, силно го стресе и излезе; а момчето беше како мртво – така што мнозина велеа дека умрело. Исус, пак, откако го фати за рака, го исправи; и тоа стана. И кога влезе Исус во една куќа, учениците Негови Го прашаа насамо: „Зошто ние не можевме да го истераме?” Им одговори: „Тој род си ништо не може да се истера, освен со молитва и пост.” И кога излегоа оттаму, минеа преку Галилеја; и Он не сакаше некој да разбере. Оти ги учеше учениците Свои и им велеше дека Синот Човечки ќе биде предаден во човечки раце, и ќе Го убијат, и на третиот ден по убивањето ќе воскресне.

Категорија: Вера, Духовност

За авторот