На празникот Пресвета Богородица Снежна Папата ќе моли во базиликата Света Марија Велика

На празникот Пресвета Богородица Снежна Папата ќе моли во базиликата Света Марија Велика

Папата Фрањо ќе учествува на Вечерната молитва во 17.30 часот по повод годишнината од посветувањето на базиликата и празникот Пресвета Богородица Снежна. По тој повод ќе се изврши реконструкција на чудесниот настан „снег“ во Рим.

Во понеделник, 5 август попладне, папата Фрањо ќе отиде во базиликата Света Марија Велика, која ја посети повеќе од сто пати во последните неколку години, за да присуствува на Вечерната по повод годишнина од осветувањето и празникот на Пресвета Богородица Снежна. Прославата ќе започне во 17.30 часот, а ќе ја предводи архипрезвитерот коадјутор Роландас Макрикас. По тој повод по втор пат тој ден ќе се повтори чудесниот настан „снег“ во Рим.

Прославата ќе започне со света Литургија која ќе ја предводи кардиналот архипрезвитер Станислав Рилко претпладне, со почеток во 10.00 часот, додека вечерта, во 19.00 часот, надбискупот Емилио Напа, втор секретар на Одделот за прва евангелизација и нови партикуларнии цркви на Дикастеријата за евангелизација и претседател на Папските мисиски дела, ќе го предводи литургиското славење со што ќе заврши прославата.

На празнувањето ќе му претходи тридневница за подготовка на 2, 3 и 4 август: во петок на 2 и во сабота на 3, светите Литургии во 18.00 часот ќе ги предводат надбискупот Џовани Чезаре Пагаци, секретар на Дикастеријата за култура и образование, и бискупот Нунцио Галантино, поранешен претседател на Управата за добра на Светиот Престол (АПСА). Во сабота на 4 август, по првата Вечерна, во 18.00 часот, евхаристиското славење ќе го предводи надбискупот Пјеро Марини, почесен каноник.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот