Во попладневните часови на празникот на светите апостоли Петар и Павле, сабота, 12 јули 2025 година, на просторот околу црквата „Свети Павле“ во Паљурци, која е во изградба, се служеше Молебен во чест на Пресвета Богородица.
Молитвеното славење го предводеше протојереј ставрофор отец Тома Ангелов, а сослужуваа протојереј отец Гоце Костов и отец Ристо Самарџиски. На настанот присуствуваа верници од Богданци, Гевгелија и околните населени места, како и сестри Евхаристинки.
Во своето обраќање до присутните, отец Тома Ангелов најнапред ги пренесе поздравите и благословот од Неговото Високопреосвештенство монсињор Киро Стојанов, , како и од ректорот на Националното светилиште, протојереј ставрофор отец д-р Зоран И. Стојанов.
Отец Ангелов потоа се осврна на животот и посланието на светите апостоли Петар и Павле, истакнувајќи ја нивната различност по карактер и животен пат, но и нивното заедништво во посланието. „Тие се сведоштво дека различноста не е пречка за единство, туку можност за збогатување во заедништвото со Христос,“ рече отец Тома во својата проповед.
По завршување на Молебенот присутните се задржаа во разговор и заедништво.
к.мк