Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епископ монсињор д-р Киро Стојанов, на празникот Света Мајка Тереза, 5 септември 2024, со свечена света Литургија во катедралата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје со почеток во 18.00 часот ќе го прослави 25 годишниот јубилеј од епископската хиротонија.
Монсињор Стојанов за епископ e посветен во катедралата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје на 1 мај 1999 година во Скопје. Главен посветител беше архиепископот монсињор Мирослав Марусин, а сопосветители беа монсињор Јоаким Хербут, скопски бискуп и апостолски визитатор и монсињор Славомир Микловш, крижевски бискуп.
к.мк