Секретарот за односи со држави и меѓународни организации, надбискупот Галагер, за дневникот на Првата програма на италијанската радио телевизија изјави дека папата Фрањо е убеден дека неговата посета на Украина може да има позитивни резултати. Освен тоа, тој изрази сочувство за смртта на поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе.
Подготовките за патувањето во Киев ќе започнат по патувањето во Канада, а не е исклучено папата Фрањо веќе во август да ја посето Украина – изјави надбискупот Пол Ричард Галагер во интервју за Тг1, дневникот на Првата програма на италијанската радио и телевизија. Зборувајќи со ватиканистот Игнацио Инграо, надбискупот, исто така, изрази сочувство за убиството на поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе.
Папата е многу убеден ако може да ја посети, дека тоа би можело да има позитивни резултати. Рече дека ќе оди во Украина и секогаш покажувал подготвеност да ја посети Москва и да се сретне со руските власти – рече надбискупот.
На прашањето дали може да се оствари патувањето во Киев по враќањето од Канада, надбискупот одговори дека верува оти по враќањето од Канада вистински ќе почнат да се разгледуваат можностите за тоа. За изгледите тоа да се случи уште во август, тој изјави: „Можеби, не би го исклучил тоа, но многу зависи од резултатите од патувањето во Канада; ќе видиме како Папата ќе го издржи тоа патување, кое е многу напорно, па потоа ќе видиме“.
Во врска со контактите со Москва и за можноста за патување во Москва, надбискупот Галагер рече дека нивните контакти со Руската Федерација во моментов се повеќе институционални преку апостолскиот нунциј во Москва и преку рускиот амбасадор во Светиот Престол. Дополнително, нема многу директни или лични контакти – рече тој и додаде: Многу сме загрижени за украинскиот проблем и решението на војната, но истовремено сме загрижени и за иднината на Западен Балкан.
Одговарајќи на прашање за екуменскиот предизвик и средбата меѓу Папата и патријархот Кирил, надбискупот рече дека верува оти доколку патријархот и Светиот Отец отпатуваат во Казахстан по повод големата конференција на светските религии, ќе дојде до средба. Заради единството на Црквата, треба да се настојува да се надминат тешкотиите и недоразбирањата.
Секретарот за односи со држави и меѓународни организации потоа се осврна на атентатот на поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе и рече дека атентатот и неговата смрт го исполниле со длабока тага. Имав чест да се сретнам со премиерот кога ја посетив Јапонија. Тој беше човек кој имаше големо влијание надвор од границите на Јапонија. Беше и многу контроверзна личност, но принципиелен човек, човек со големо чувство за општото добро на својот народ – истакна надбискупот Галагер.
Ватикан њуз/к.мк