Молитвена накана на епископот Стојанов за јуни 2025

Молитвена накана на епископот Стојанов за јуни 2025

Молитвената накана на епископот Стојанов за јуни 2025 година е посветена на сите оние кои страдаат, а гласи:

Во месец јуни, кој Црквата посебно го посветува на Пресветото Срце Исусово – прободено од љубов и полно со милосрдие – ве повикувам со нашите молитви да ги приближиме кон Неговото Срце сите оние што страдаат.

Во нашите лични, но и заеднички молитви, посебно да си спомнеме на оние што страдаат поради тешките искушенија кои ги носат во животот, војни, природни катастрофи, сиромаштвo и прогонство. Но и оние кои во своите срца носат скриени болки: душевни рани, распаднати семејни односи, напуштеност од своите најблиски поради иселувањето или изгубена смисла на животот.

Да молиме за верност и надеж, како што ги имаше праведниот Јов, кој не се откажа од Бога и не ја изгуби надежта дури и кога сè друго му беше одземено.

Во оваа Јубилејна година, нека Пресветото Срце на нашиот Спасител биде извор на утеха за сите оние што страдаат, а преку нашата молитва од Неговото Срце нека се излее врз нив милосрдие и надеж, давајќи им сила да продолжат по патот на верата.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот