Во петок 23 мај 2025 година во базиликата „Свети Климент“ во Рим се служеше молебен во чест на сесловенскиот апостол свети Кирил Солунски. Молебенот го служеше и на него проповедаше Н.В.П. Јосиф, митрополит тетовски во сослужение на епископот Јаков и свештеници од МПЦ.
Во името на Католичката црква во Македонија присуствуваше протојереј ставрофор отец д-р Зоран И. Стојанов. На молебенот присуствуваше и претседателката на Македонија проф. д-р Гордана Сиљановска – Давкова, членови од кабинетот на претседателката, министерот за култура и туризам Зоран Љутков, директорката на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи Оливера Трајковска и други.
Делегацијата која е во Рим во чест на македонскиот светител и сесловенски просветител, свети Кирил ќе биде примена во аудиенција од Неговата Светост папата Лав XIV.
к.мк