Мозочен удар и неповратен кардиоваскуларен колапс, причина за смртта на Папата

Мозочен удар и неповратен кардиоваскуларен колапс, причина за смртта на Папата

Во потврдата за смртта на папата Фрањо, изработена од професорот Андреа Аркангели, директор на Дирекцијата за здравје и хигиена на градот-држава, се наведува дека е утврдена преку снимка од ЕКГ.

Мозочен удар, кома, неповратен кардиоваскуларен колапс. Ова се причините за смртта на папата Фрањо, која се случи утринава, во 7 часот и 35 минути во неговиот стан во резиденцијата Света Марта.

Ова го потврди професорот Андреа Аркангели, директор на Дирекцијата за здравје и хигиена на државата Ватикан, во извештајот за смртта објавен вечерва од Канцеларијата за печат на Светиот Престол.

Во медицинскиот документ се наведува дека Папата имал претходна епизода на акутна респираторна инсуфициенција со билатерална мултимикробна пневмонија, мултипни бронхиектазии, артериска хипертензија и дијабетес тип II.

Смртта била констатирана со снимка од ЕКГ. „Изјавувам“, напиша Аркангели, „дека причините за смртта, според моето знаење и совест, се оние наведени погоре“.

По обредот за утврдување на смртта на папата Фрањо, кардиналот камерленго го запечати папскиот апартман во Апостолската палата, како и приватниот апартман во Домот Света Марта, каде Фрањо живееше во текот на целиот негов понтификат.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот