Медалјони за 12-годишнината од понтификатот на папата Фрањо

Медалјони за 12-годишнината од понтификатот на папата Фрањо

За 12-годишнината од понтификатот на папата Фрањо, од 19 август ќе можат да се набават медалјони во Управата за наследство на Апостолската столица на Ватикан и во издавачката куќа Ватикан, објавено е на 13 август.во весникот „L`Osservatore Romano“

На предната страна на медалјонот, во средината се наоѓа грбот на Светиот Отец, а околу него е натписот: FRANCISCUS PONTIFEX MAXIMUS ANNO XII.

На работ стои натписот CIVITATE VATICAN и бројот на медалјонот.

На задната страна, во средината, е прикажан Исус како подава рака на човек кој се дави. Во позадина се наоѓа чамец со мигранти кои сведочат за оваа Господова помош. Преку верата Бог ги спасува и чува животите на сиромашните и на оние кои се доверуваат на неговата милосрдна љубов.

На врвот, по работ, е испишано REPLEAMUS MANUS ALIIS MANIBUS, а на дното се испишани иницијалите на уметникот Мајкл Селест.

Секој примерок се добива со нумериран гарантен сертификат со печат на Државниот секретаријат и Италијанскиот државен институт за монети и печатење.

Медалите се ковани во ограничени количини: 30 триптиси, 30 златни, 1500 сребрени и 3000 бронзени.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот