Македонски Каритас ќе одржи прес-конференција по повод започнување на нов проект

Македонски Каритас ќе одржи прес-конференција по повод започнување на нов проект

По повод започнување на проектот „Вклучување на жените во подобрување на услугите за достапност до чиста вода и санитација и зајакнување на отпорноста на климатските промени во Македонија“, кој е финансиран од Министерството за надворешни работи на Република Словенија и Словенски Каритас, ќе се одржи прес-конференција во на 24 март 2026 година (вторник) со почеток во 12:00 часот во салата на црквата „Раѓање на свети Иван Крстител“, ул. „Свети Климент Охридски“ бр. 236, Струмица.

На прес-конференцијата ќе се обратат:

  • директорот на Македонски Каритас, протојереј ставрофор отец д-р Зоран И. Стојанов
  • амбасадорот на Република Словенија во Македонија, Н.Е. Грегор Прескер
  • координаторот на проектот, г. Томислав Микулец

Проектот го имплементира Македонски Каритас во соработка со општините Струмица, Босилово, Ново Село, Валандово, Гевгелија, Богданци и Дојран.

Во рамките на прес-конференцијата ќе бидат претставени главните цели и активности на проектот, а предвидено е и свечено потпишување на Меморандум за соработка меѓу Македонски Каритас и општините вклучени во проектот.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот