Лав XIV потсети на Иван Павле II: Широко отворете ги вратите за Христос

Лав XIV потсети на Иван Павле II: Широко отворете ги вратите за Христос

На денот на литургискиот спомен ден на Карол Војтила, поздравувајќи ги полските верници, Папата ги повика сите да ја следат поканата што Светиот Папа ја упати пред 47 години, во проповедта на светата Литургија со која се одбележа почетокот на неговиот понтификат: „Сите сме повикани да го направиме свој“.

„Денес го славиме литургискиот спомен на Свети Иван Павле II. Пред точно 47 години, на овој плоштад, тој го повика светот да се отвори за Христос. Овој апел останува валиден и денес: сите сме повикани да го направиме свој.“

Со овие зборови, папата Лав XIV, поздравувајќи ги верниците што зборуваат полски јазик, присутни на општатГенералната аудиенција на дождливиот плоштад „Свети Петар“, потсети на светата Литургија по повод инаугурацијата на понтификатот на Иван Павле II. Беше 22 октомври 1978 година, а во својата прва проповед како Римски епископ, Војтила го повика светот „широко да ги отвори вратите за Христос“. Овој израз подоцна стана белег на неговиот понтификат. И кога, на 27 април 2014 година, папата Фрањо го канонизираше Иван Павле II, тогашната Конгрегација за божествено богослужение утврди дека литургискиот спомен на полскиот папа треба да се слави на 22 октомври, а не на денот на неговата смрт, 2 април.

Обновување на соработката во мисијата на Црквата

На крајот од аудиенцијата, Папата потсети дека „месецот октомври нè поканува да ја обновиме нашата активна соработка во мисијата на Црквата“. „Со силата на молитвата, со потенцијалот на брачниот живот и со свежата енергија на младоста, бидете мисионери на Евангелието, нудејќи им ја вашата конкретна поддршка на оние кои го посветуваат својот живот на евангелизацијата на народите“, рече тој, обраќајќи се на младите и младенците.

Благодарност до „Пријателите на Светиот Отец“

Поздравувајќи ги верниците што зборуваат англиски, Лав XIV им се заблагодари особено на групата донатори „Пријатели на Светиот Отец“ од Велика Британија за донацијата на „мобилното студио за употреба од страна на информативните служби на Ватикан њуз“.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот