Во сабота 1 декември 2018 година во претпладневните часови епископот Киро Стојанов му посака добредојде на кардинал Леонардо Сандри, кој пристигна во Македонија по повод Инаугурацијата на новосонованата епархија „Успение на Пресвета Богородица во Струмица – Скопје“ и устоличувањето на првиот епарх монс. д-р Киро Стојанов.
Вечерва во 19.00 часот кардинал Сандри ќе присуствува на свечената академија, а во недела 2 декември во катедралната црква „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица ќе ја предводи светата Литургија на која ќе бидат прочитани декретите на Светиот Отец папа Фрањо за основањето на епархијата, како и декретот за именувањето на првиот епарх.
Во рамките на својот престој во Македонија кардинал Сандри ќе посети и неколку парохии од новата епархија.
к.мк