Кардиналот Тагле ја предводеше светата Литургија на крајот од Националниот евхаристиски конгрес во САД
Националниот евхаристиски конгрес во САД заврши на 21 јули 2024 година со света Литургија која ја предводеше Папскиот пратеник, кардинал Луис Антонио Тагле. Филипинскиот кардинал, кој ја врши службата пропрефект на Одделот за евангелизација во Дикастеријата за евангелизација, повика на обновена посветеност на евхаристиско и мисионерско преобраќање.
Темата на конгресот, кој се одржа во Индијанаполис, беше вдахновена од Евангелието според Иван: „Останете во мене“. Кардиналот Тагле на тој траг го истакна посланието на Исус како подарок од Отецот. „Исус е испратен за Отецот да го даде на другите“, рече тој во проповедта, додавајќи дека Евхаристијата го сумира тој дар, бидејќи Исус ги нуди своето тело и крв за живот на светот.
Кардиналот ги охрабри верниците да гледаат на својот живот и на светот во контекст на дарот, а не само на постигнувањата. Тој предупреди дека губењето на таквата перспектива води до преокупираност со самиот себе и недостаток на мисионерска ревност.
Потоа се осврна на тешката реалност со учениците кои го напуштиле Исус, како што е наведено во 6-то поглавје од Евангелието според Иван, и повика на интроспекција за тоа дали постапките на Црквата понекогаш придонесуваат за ова заминување. „Дали е можно ние учениците да придонесеме што другите го напуштаат Исус? праша тој, повикувајќи на подлабока посветеност и побожност кон Евхаристијата и нејзината преобразувачка сила.
Ја нагласи и потребата да се прифатат оние кои се чувствуваат маргинализирани, како што се сиромашните, мигрантите и постарите лица, со што ќе се осигура дека тие се чувствуваат дел од црковната заедница.
Кардиналот Тагле рече дека оние кои ќе одлучат да останат со Исус мора да бидат подготвени и Тој да ги испрати. „Не треба да го држиме Исус за себе. Тоа не е ученик. Тоа е себичност“, тврди тој и ги повика верниците да ја споделат љубовта и сочувството што го добиле од Исус со уморните, изгубените и поделените.
На крајот, кардиналот Тагле ги пренесе благословите и молитвите на папата Фрањо, за кого рече дека му напишал писмо во кое изразува надеж „дека учесниците на Конгресот, целосно свесни за универзалните дарови што ги добиваат од небесната храна, ќе можат да ги пренесат на другите“.
Претставникот на Папата ја заврши проповедта со настан од времето кога тој бил парохиски свештеник, илустрирајќи ја потребата да се живее Евхаристијата во секојдневниот живот. Станува збор за настан за жена чија исклучителна побожност ја навела да биде присутна во Црквата во сите прилики и во секое време. Меѓутоа, кога тој ѝ се заблагодарил за нејзината посветеност и ја замолил да се заблагодари на семејството што и дозволува да служи на овој начин, таа рекла дека нејзиното постојано присуство доаѓа од избегнувањето на сопственото семејство.
„Кога свештеникот или ѓаконот ќе рече: „Мисата заврши. Оди во мир Христов, те молам оди! Она што сте го слушнале, допреле и вкусиле, мора да го споделите со другите“, нагласи кардиналот Тагле.
Ватикан њуз/к.мк