Кардиналот Зупи во Русија: Да се зајакнат и забрзаат проверките за повторно обединување на семејствата
Кардиналот Матео Зупи се врати од Москва по својата трета мисија во Русија, за време на која се сретна со украински воени заробеници. Нивната состојба беше една од главните теми на неговите разговори, заедно со потрагата по исчезнати лица, повторното обединување на семејствата и враќањето на децата во Украина.
Третата мисија на кардиналот Матео Зупи во Москва заврши во средата, 30 септември, по неговите претходни посети во јуни 2023 и октомври 2024 година.
Специјалниот пратеник на Светиот Отец за хуманитарни прашања и претседател на Италијанската бискупска конференција ја посети Украина во јули, кога ги посети и местата во регионот Лавов каде што се сместени руски воени заробеници.
Во средата, кардиналот посети место во кое се наоѓаат украински воени заробеници. Разговараше со нив, им ја пренесе близината на папата Лав XIV и изрази надеж дека наскоро ќе можат да се вратат во своите домови.
Надбискупот Џовани д’Аниело, апостолски нунциј во Москва, го придружуваше кардиналот во текот на тридневната посета.
Кардиналот Зупи се сретна со Јуриј Ушаков, советник за надворешна политика на рускиот претседател Владимир Путин. Нивните разговори беа насочени кон прашањата за воените и цивилните заробеници, потрагата по исчезнати лица, повторното обединување на семејствата и враќањето на децата.
Кардиналот се сретна и со претставници на руските институции задолжени за човекови права и за правата на децата. Во разговорите повторно беше нагласена потребата од продолжување на хуманитарната соработка и од побрзо разгледување на поединечните случаи.
„Треба да ги зајакнеме и забрзаме неопходните проверки за да обезбедиме семејствата повторно да бидат обединети“, рече кардиналот Зупи.
Ватикан њуз/к.мк

