Илјадници писма и повици за поддршка на папата Фрањо за време на неговиот престој во болница

Илјадници писма и повици за поддршка на папата Фрањо за време на неговиот престој во болница

Италијанската пошта извести дека откако папата Грањо е примен во болница пред еден месец, секој ден добива по неколку илјади писма – вкупно околу 150 килограми пошта дневно!

Италијанската пошта извести дека откако папата Фрањо е примен во болница пред еден месец, секој ден добива по неколку илјади писма – вкупно околу 150 килограми пошта дневно!

Во поштенскиот центар во Рим во Фиумичино, во близина на аеродромот, ова стана редовна појава во последните недели. Секој ден таму пристигнуваат околу 150 килограми пошта од целиот свет, а сето тоа е упатено до еден примач – Светиот Отец.

Оваа бројка значително ја надминува вообичаената количина на пошта што ја добива Папата, што е нормално околу сто писма неделно. „Трогателно е да се видат писма од целиот свет упатени до Светиот Отец во ова чувствително време. Тоа е прекрасен знак на наклонетост и сочувство“, изјави Андреа Ди Томасо, шеф на поштенскиот центар Фиумичино. Меѓу илјадниците писма, често има и детски цртежи кои ја изразуваат љубовта и поддршката на верниците.

Покрај писмата, многу верници сакаат директно да дознаат како е Папата и се јавуваат во Ватикан да се распрашаат за неговата здравствена состојба. На бројни телефонски повици одговараат сестрите на Дружбата на побожните ученици на божествениот Учител кои се задолжени за ватиканската централа.

„Луѓето често велат дека се чувствуваат како деца кои чекаат вести за својот татко. Ги советуваме да се молат за него“, рече сестра Антони, која е задолжена за телефонската централа на Светиот Престол.

Објавувањето на првата фотографија од Папата откако беше хоспитализиран во болницата Гемели, викендов им донесе малку олеснување на верниците ширум светот. Сепак, се уште не е познат точниот датум на неговото можно отпуштање. Единствено е сигурно дека илјадници луѓе ширум светот со надеж и молитва го чекаат моментот кога папата Фрањо ќе се врати на редовните обврски.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот