Канцеларијата за печат на Светиот Престол во билтенот објавен вечерва, на 26 февруари 2025 година, информира за здравствената состојба на Папата, кој дванаесет дена е хоспитализиран во поликлиниката „Гемели“.
КТ скенот покажа нормален тек на пневмонија, а испитувњата на крвта се добри. Папата Фрањо во попладневните часови вршеше работни активности. Прогнозата се уште е неизвесна.
„Клиничката состојба на Светиот Отец во последните 24 часа покажа дополнително благо подобрување. Благата бубрежна инсуфициенција забележана во последните денови е намалена.
ЦТ скен на граден кош, направен синоќа, покажа нормален тек на пневмонија. Денешните хематолошки тестови го потврдија вчерашното подобрување.
Светиот Отец продолжува со високопроточна кислородна терапија; И денес немал никакви астматични респираторни кризи. Респираторната физикална терапија продолжува.
Иако се забележува мало подобрување, прогнозата останува неизвесна.
Во текот на утрото Светиот Отец се причести. Попладнето беше посветен на работните активности.
Ватикан њуз/к.мк