Клиничката состојба покажува добар одговор на терапијата. Прогнозата останува неизвесна. Папата Фрањо утрово се молеше во капелата, а попладне го помина наизменично со одмор и работни активности.
„Клиничката состојба на Светиот Отец во последните денови остана стабилна што покажува добар одговор на терапијата. Затоа се забележува постепено, благо подобрување.
Светиот Отец цело време е без температура. Размената на гас е подобрена; Испитувањата на крвта и комплетната крвна слика остануваат стабилни. Со цел да се следат овие првични подобрувања во наредните денови, лекарите претпазливо сметаат дека прогнозата се уште е неизвесна.
Утринава, по причестувањето, Светиот Отец остана во молитва во капелата на својот приватен апартман, додека попладнето наизменично одмораше со работни активности.
Канцеларијата за печат на Светиот Престол вечерва, сабота, 8 март 2025 година, информираше за здравствената состојба на папата Фрањо, кој од 14 февруари е хоспитализиран во поликлиниката „Гемели“ во Рим.
Како што беше планирано, по терапија со назална канила со висок проток во текот на денот, Папа ноќе преминува кон неинвазивна механичка вентилација. Папата ќе ги следи духовните вежби, кои почнуваат утре, во духовно заедништво со Римската курија. Текстот на Папата пред молитвата Ангел Господов ќе биде објавен како и во претходните недели. Можеби утре нема да се објави медицински билтен, со оглед на стабилноста на клиничката слика, но Канцеларијата за печат на Светиот Престол ќе ги информира новинарите.
Ватикан њуз/к.мк