Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов, во петок 25 април 2025 година во 18:00 часот, во катедралата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје ќе служи света Литургија за покој на душата на папата Фрањо.
На светата Литургија со епископот Стојанов ќе сослужуваат свештеници од Скопска бискупија и Струмичко-скопската епархија.
Епископот Стојанов во писмото упатено до свештениците, монашките заедници и верниците по повод упокојувањето на папата Фрањо, изразува благодарност на Бога за неговиот понтификат, кој на негов својствен начин го покажуваше постојано милосрдното лице на Отецот, а посебно беше глас на сиромашните и маргинализираните. Тој искажа благодарност и за неговата Апостолска посета на Македонија во мај 2019 година, која ќе остане во нашите сеќавања и запишана во историјата на Република Македонија. Неговото заземање за мир во светот, за дијалог и братство меѓу народите ќе останат негов завет за идните генерации – стои во писмото на монсињор Стојанов.
к.мк